Флуорот е важен елемент во исхраната на секоја трудница

Флуорот е важен елемент во исхраната на секоја трудница. Тој има огромна улога во создавањето на забите кај бебето, правејќи ги поотпорни на кариес во понатамошниот раст и развој.

Создавањето на забите на бебето е период во кој секоја идна мајка треба да обрне дополнително внимание врз тоа да ја одржува оптималната количина на овој елемент во своето тело.

Сепак и покрај големата важност за здравјето на детските заби, флуорот во бременоста треба да се применува многу внимателно бидејќи неговата неправилна или прекумерна примена може да доведе до појава на дентална флуороза.

Освен таблетите богати со флуор кој можат да се земаат во текот на бременоста, одлични природни извори на овој елемент се водата, млекото, солта и др.

За да ја одредите оптималната доза која му е потребен на организмот секогаш консултирајте се со лекар пред да започнете со дополнителен внес на флуор.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk