Фокс: Ми беше страшно напорно по породувањето да се вратам во форма

Препознатлива по својот сексапил и беспрекорен изглед, славната холивудска актерка Меган Фокс како и секоја мајка имала проблем со килограмите откако се породила по третпат.

Меган на крајот на 2016 година на свет донесе трет син, а само пет месеци од тогаш учествувала во кампања за долен веш, бренд на кој е заштитно лице.

Поради таа задача актерката морала по забрзана постапка да се врати на старата линија, и признала дека тоа се одвивало прилично тешко.

Меган изјавила дека поминала низ вистински пекол, бидејќи хронично била заморна и без енергија сериозно да се занимава со своето тело.

„Беше ужасно, вежбав напорно. После третото породување тоа беше голем предизвик за мене. Многу шетав и трчав.“ признала Фокс.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk