Гените одговорни за антисоцијалноста кај децата

Објавено на: Apr 11, 2016 од Мама Ане
geni2

Судејќи според најновите истражувања, недруштвеното однесување кај некои деца не е резултат на околината и надворешните фактори, туку на генетската структура.

Британското истражување кое опфатило неколку парови на близнаци открило дека 70% од децата кои се соочуваат со потешкотии во воспоставувањето на социјалните контакти имаат родители кои го имаат истиот проблем.

Според психолозите, точно е дека надворешните социјални фактори имаат влијание врз способноста на детето да воспостави контакт со околината, но сепак тие не се пресудни. Детето треба да има вродена генетска способност за надминување на пречките и адаптирање кон социјалната околина.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…