Ѓоковиќ изрази почит кон жените кога на свет ги носат децата

По повод пристигнувањето на ќеркичката Тара дома, тенисерот Новак Ѓоковиќ објави емотивна порака на социјалните мрежи.

Тој сподели прва фотографија и под неа напиша:

„Јелена и јас секој момент од нејзиното доаѓање на свет го преживеавме заедно. И како маж морам да иразам воодушевување и благодарност на секоја жена. Колку болка и несебично давање поминуваат за да ги донесат на свет тие мали суштества“, напиша Ѓоковиќ.

Јелена се породи на 2 септември и како и со Стефан се породи во болничкиот комплекс „Грејс Кели“ во Монте Карло.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk