Грешки кои двојките ги прават кога сакаат да добијат деца

Во обидот што побрзо да добијат дете, некои двојки прават грешки кои ја намалуваат можноста за бременост.

Преголемата желба за бременост може многу да го наруши сексуалниот живот. Односите за време на овулација ќе го направат сексот рутина за добивање на дете, што со тек на време може да го наруши и емоционалниот однос.

Постојаното водење на љубов исто така не е добро за зачнување. Ако односите се секојдневни или уште почести, кога ќе настапи овулација во ејакулатот можеби нема да има доволно сперма.

Идеален период за создавање на доволно количина на сперма пред таа да изгуби на квалитет е три дена. Помалку од тоа значи дека можеби нема да има доволно сперматозоиди, а повеќе од тоа се зголемуваат шансите дека ќе изгубат на квалитет.

Доколку ја практикувате само мисионерската поза пред зачнување, тогаш сите пози резултираат со еднакви шанси за зачнување. Желбата за дете не значи дека треба да престанете да бидете креативни во кревет.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk