Грешки што родителите ги прават кога е во прашање развојот на говорот кај детето

 

Како и за се друго, и за говорот е многу важно детето да добива поттик од родителите. Тој поттик подразбира детето да биде постојано изложено на говор со посебно нагласување на поттикнување комуникација со детето. Природата самата од себе ги мотивира мајките кога се обраќаат на нивните деца да ги потенцираат зборовите од нивниот говор сосема несвесно.

Присуството на родителите и постојаното контактирање со детето е подрагоцено и поинтересно за него од било која играчка, цртан филм или компјутерски игри.

Меѓутоа современото брзо темпо на живот придонесува децата да добиваат квантитетно помалку насочено внимание од родителите што директно влијае врз развивањето на неговите јазични способности преку намалувањето на времето поминато во директна комуникација со детето.
Поради тоа, во праксата се забележани две екстремни грешки на родителите во пристапот кон јазичниот развој на детето, кои подоцнежно, доколку доведат до појава на јазичен проблем, многу тешко се поправаат.

Постои група на родители кои го штедат својот глас, истрошен на работното место. Тие се водат од помислата дека детето е сеуште мало и дека не разбира што му се говори. Најдобро за детето е да се игра додека може, а за говор секогаш има време, цел живот ќе говори, но нема да може да си игра. Делувајќи како говорот да е споредна вештина, родителите прават огромна грешка не поттикнувајќи го говорот уште од најраната воздраст на детето. Говорот е животна вештина која што може да се поттикне со најлесни и најубави вежби- време поминато во разговор со детето ( без разлика колку и да звучи тој разговор како монолог во моментот)

Другата група на родители делуваат на тој начин што премногу го форсираат детето. Кога е говорот во прашање чуда преку ноќ скоро и да не се возможни. Не очекувајте премногу, радувајте се и на најмалиот обид на детето да каже нешто без разлика на грешната интерпретација на зборот. Постојаните обиди да го корегирате неговиот говор можат да резултираат со повлекување во обидите за говор кај детето поради страв од грешка и можна критика од страна на родителите поради тоа.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk