Гравидарен гингивит-воспалување на непцата во текот на бременоста

 

Воспалението на гингивата (  претставува еден од најчестите стоматолошки проблеми во текот на бременоста.

Повеќе од 70% од бремените жени заболуваат од гравидарен гингивит како последица од присуство на дентален плак во услови на зголемено количевство на полови хормони ( прогестерон и естроген )

Воспалението на гингивата настанува поради тоа што гингивалното ткиво е помалку отпорно на инфекции во текот на бременоста. Исто така како причинители на ова воспалување се наведуваат и промените во хормоналниот статус условуваат зголемена количина на крв во организмот од 30% до 50%. Во организмот доаѓа до задршка на течностите што исто така е причина за појава на гравидарен гингивит.

Сите овие се фактори за појава на оток и болна осетливост на гингивата. Одржувањето на оралната хигиена е отежнато, а четкањето на забите претставува болна и непријатна процедура. Кога постои воспаление кое не се лекувале пред бременоста, губитокот на коската во период од 10 години по бременоста изнесува околу 3 милиметри што претставува третина од вкупната потпора на забот.

Освем трајната деструкција на забнопотпорниот апарат, воспалението е сериозен проблем за општото здравје на мајката и на новороденчето и претставува ризик фактор за предвремено породување и помала родилна тежина на новороденчето.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk