Хипотонус или млитавост кај бебињата

Нормалниот тонус на мускулите е доволно висок за да овозможи да и спротивставиме на силата на земјината тежа, а истовремено доволно низок за да овозможи лесно движење при менување на положбата на телото.

Млитавост или хипотонус е намалување на мускулниот тонус кој може да се јави кај луѓето во сите возрасти, а исто така е многу честа појава и кај бебињата. Хипотонусот понекогаш е придружен со мусклулна слабост.

На родителите им е многу тешко да ја препознаат состојбата на млитавост кај нивните бебиња пред се поради неискуството или субјективноста која што е сосема оправдана.

Присуството на хипотонусот кај бебињата може да се забележи доколку постои неможност за отпор при изведувањето на пасивните движења. Иако сам по себе хипотонусот не претставува сериозен проблем, може да биде последица на различни пореметувања и поради тоа е потребно сериозно следење на ситуацијата кај бебето од страна на лекарите.

Заклучокот дали постојат значителни пореметувања во неуромускулниот систем кај бебето може да се донесе дури после одреден временски период во кој детето било подложно на стимулирање на моторниот развој.

Хипотонијата са јавува како наследно заболување или е предизвикана од низа фактори на ризик во текот на бременоста и породувањето. Предвремено родените бебиња и оние со ниска оценка при апгар тестирањето веднаш по породувањето се под поголем ризик за појава на млитавост.

Доколку се дијагностицира хипотонус кај бебето тогаш поради ризикот за успорување на моторниот развој бебето се приклучува кон програма составена од вежби за стимулирање на тонусот на телото, со цел неговиот развиток да се изедначи со темпото на психичкиот развиток кој не заостанува.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk