Хофманова техника во случај на рамни или вовлечени брадавици

Објавено на: Dec 22, 2016 од Мама Ане

Хофмановата техника често се применува за извлекување на рамните или вовлечените брадавици, процес кој понатамошно може значително да го олесни процесот на доење.

Ставете два прста на коренот од брадавицата на тој начин што прстите ќе бидат поставени еден наспроти друг. Нежно притиснете и во исто време повлекувајте ги прстите кружејќи околу коренот на брадавицата. Потоа повлекувајте кон врвовите на брадавицата полека приближувајќи ги прстите еден до друг.

Со практикувањето на овие вежби пожелно е да се започне уште во текот на бременоста, доколку трудницата увиди дека има проблем со рамни или вовлечени брадавици.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…