Како хормоните влијаат врз телесната тежина

Не можеме секогаш да ги обвинуваме хормоните за вишокот на телесна тежина, особено ако сме свесни дека внесуваме многу калории, а при тоа физичката активност ни е драстично намалена.

Сепак, вистината е дека и тие играат голема улога во одржувањето на тежината.

Имено, според истражувањата под дејство на хормоните во телото можат да се задржуваат дополнителни литар до литар и половина течности, особено недела дена пред циклусот.

За среќа, тоа зголемување на телесната тежина односно варијацииите во бројките на вагата под дејство на хормоните се привремени.

За да го намалите задржувањето на вода во организмот избегнувајте консумирање на солена храна и земајте дополнителни 500 мг калциум барем во периодот од втората половина на циклусот.

Долгорочно, пореметувањето на процесот на излачување на естроген и прогестерон, особено нивното намалено излачување може да предизвика зголемување на апетиот, особено на желбата за слатка храна, што директно може да влијае врз зголемувањето на телесната тежина кај жените.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk