Хормонот релаксин прави чуда во бременоста

Овој хормон чија што главна цел е отпуштање на лигаментите во карлицата се излачува во текот на целата бременост. Благодарение на неговото дејство карлицата ја добива својата флексибилност што подоцнежно ќе помогне во олеснување на процесот на поминувањето на детето низ родилниот канал.

Но тоа не значи дека релаксинот делува само врз сврзното ткиво во карличниот предел. Напротив тој влијае на  сврзното ткиво низ целото тело на трудницата.
Дел од вината за проширувањето на стапалата во текот на бременоста ја носи и овој хормон.

Токму поради неговото зголемено лачење, особено во периодот на третото тромесечје најдобро е трудниците да ги избегнуваат сите оние активности кои ќе предизвикаат дополнителна тежина и притисок на зглобовите.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk