Храна која ја поттикнува лактацијата

Со внесувањето на одредени хранливи намирници во исхраната доилките можат да делуваат врз поттикнувањето на лактацијата.
Пред се, за да се создава доволна количина на млеко неопходно е да се внесува голема количина на течности ( минимум два литри во текот на денот ).

Коморача и анасон, кои во најголем случај веќе се дел од составот во чаевите за долики се препорачани како билки кои ја поттпомагаат лактацијата. Коморачата може да се јаде сирова или варена на пареа со маслиново масло. Природниот чај од семето од оваа билка сепак се смета за најдобар избор за доилките кога е во прашање лактацијата.

Темнозелениот лиснат зеленчик е моќен извор на минерали, витамини и ензими, како и фитоестрогени кои го поддржуваат процесот на производство на млеко во мајчиниот организам. Рукола, млад спанаќ, блитвата и кељот, варени на пареа се одличен избор за менито на доилката.
Житарките исто така имаат одредени лактогени својства. Во оваа група најмногу се истакнува просото, а по него следуваат зобот, јачменот и оризот.

Суровите јаткасти плодови , особено бадемите ( не пржени или солени ) исто така можат да ја зголемат лактацијата. Сепак внимавајте на конзумацијата на ореви бидејќи често се забележани негативни ефекти кај бебињата во смисла на предизвикување на стомачни грчеви.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk