Храната како лек при настинка и грип

 

“Здравјето влегува преку устата” велат старите. Храната и хранливите состојки кои ги внесувате консумирајќи ја можат да помогнат во неутрализирањето на различни здравствени потешкотии.Болката во грлото е еден од најчестите симптоми на настинката и грипот.
Кога ве боли грлото топлиот чај од нане или жалфија може да ви помогне, како и супите, јогуртот, кајгана од јајца, пире од компири и сл. Избегнувајте екстремно топли напитоци, грицки, ореви и лешници, лимонада и други џусови.
Во случај на главоболка може да помогне кафето, лимонот, цитронот, портокалот, јаболките а избегнувајте ги сувото овошје, сувомеснатите производи и намирниците кои содржат вештачки засладувачи.
Ако чувствувате болки во телото вистински избор е храната богата со магнезиум како јаткастото овошје, бананите, гравот, грашокот, боранијата, лососот, зелената салата и јогуртот.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk