Хранливи намирници кои се незаменлива храна за бебешкиот мозок

Храна за бебешкиот мозок
Клетките на мозокот кај бебињата се размножуваат со неверојатна брзина, создавајќи меѓусебни ”мостови” за пренос на информации.
Затоа е многу важно, на бебешкиот мозок да не му недостасува ниту една хранлива состојка.

Постојат неколку хранливи намирници кои се незаменлива храна за бебешкиот мозок:

– Незаменливото мајчино млеко е на прво место. Мајчиното млеко е богато со незаситени масни киселини кои ги хранат клетките на мозокот на бебето стимулирајќи го нивното побрзо спојување.
– “Добри” јаглени хидрати се неопходни за бебешкиот мозок кој не се одмара дури и кога спие. Високо активниот мозок на бебето бара дополнителна енергија, а најдобар извор на енергија се тн. добри јаглени хидрати. Храната исто така е нивниот избор.Може да се најдат во оризот, житаркие, овошјето и зеленчукот. Избегнувајте ги лошите јаглени хидрати кои се дел од слатките.
– Железото е најважниот минерал кој ја поттикнува работата и развојот на мозокот кај децата. Залихите на железо во бебешкиот организам имаат траење од шест месеци, затоа е многу важно да се одржи континуитет во содржината на железо во бебешкиот организам со помош на храната. Добри извори на железо се месото ( особено телешкото и јагнешкото ), зелениот лиснат зеленчук, интегралните житарки и сувото овошје.
– Рибата е богата со омега 3 масни киселини кои се опходни за правилен развој и функционирање на мозокот. Почнувајќи од седмиот месец, нутриционистите препорачуваат барем два оброка од риба во текот на неделата.
– За брзо пренесување на информациите добиени од сетилата, на бебешкиот мозок му се потребни протеини. Храната богата со протеини истовремено е богата и со амино киселини кои содржат неуротрансмитери кои се неопходни за размена на информациите меѓу мозочните келии.
– Витамините од Б групата се најделотворни за развојот на бебешкиот мозок. Секако најдобар начин за внес на витамините во бебешкиот организам е преку храната како што се бананата, гравот,леќата, боранијата, млекото и зелениот зеленчук.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk