Хронолошки развој на сетилото за слух кај бебињата

Проследете како хронолошки се развива сетилото  за слух во првата година од животот на детето.

– Во периодот од раѓањето до вториот месец

Бебињата се будат од неочекувани гласни звуци, недефинирани шумови ( смеење, клокотење, гугање и сл ) и се смируваат слушајќи го гласот на познатата личност

– Во периодот од третиот до четвртиот месец

Бебињата со поглед ја следат секоја акустична дразба, реагираат на звучни играчки, се смејат и гугаат со различен тоналитет на гласот, реагираат на гласот на познатите личности

– Во периодот од петтиот до деветиот месец

Бебињата веќе активно го бараат изворот на звукот, слушаат музика, реагираат на своето име кога некој ги довикува, произведуваат модулирани тонови, развиваат разбирање кон често користените зборови како на пример зборот je “не”.

– Во периодот од десеттиот до дванаесетиот месец

Бебињата се способни да го детектираат и поодалечениот извор на звук, реагираат на пониски тонови, реагираат на повици од поголема далечина, имитираат едноставни звуци, разбираат забрани, покажуваат со прст кон предмети.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk