И бебињата разбираат за разводот на родителите

Начинот на кој децата го разбираат разводот на родителите, најповеќе зависи од нивната возраст. Најважно е родителите да знаат какви мисли и чувства имаат децата на одредена возраст и како да го променат или прилагодат своето однесување и на тој начин да им помогнат на децата да се прилагодат на разводот.

БЕБИЊА

Разбираат

-И ги забележуваат промените и количината на енергија кај родителите, но и нивниот емоционален статус

-Поголемите бебиња забележуваат кога еден родител, не живее во домот

Чувствуваат

-Чувствителни се, често плакаат и се немирни

-Има промени во ноќното и дневно спиење и останати дневни рутини

-Ако нов возрасен член се досели во куќата, поголемите бебиња можат да станат нервозни и страшливи

Што родителите можат да направат за бебето

-Да се држат до вообичаената рутина и распоред

-Уверете ги бебињата дека сте секогаш присутни со телесен допир и зборови на љубов

-Држете ги омилените играчки на дофат на бебето

-Постепено запознавајте ги поголемите бебиња со новите возрасни луѓе

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk