И доилките можат да се соочат со габична инфекција

Веќе ни е познат фактот дека кандидата е нормален жител на кожата и слузокожата во телото, но во некои случаи таа може да се активира дополнително.

Причинителите и околностите во кои може да се активира дејството на оваа габа се бројни, а не се исклучуваат ниту во периодот на доење.

Ако брадавицата има изразено црвена боја, кожата околу неа е сјајна или пак доколку не постојат видливи промени на кожата освен присуство на болка која се јавува за време на доењето во пределот на брадавицата и се шири кон грбот можно е доилката да се соочува со габична инфекција чиј предизвикувач е кандидата.

За жал, многу често таа се пренесува и во усната шуплина кај бебето која се манифестира со бели наслаги кои не можат да се физички да се елиминираат.

Лекувањето подразбира земање на лекови со антигабично дејство во форма на маст, капки, таблети и слично, секако по препорака на лекар.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk