И науката потврдува: Мајчиниот допир лекува

Мајката како моќен симбол на безбедност и сигурност за нејзините деца, не е тука само за да им даде морална поддршка и утеха на децата. Нејзиното присуство дури може да придонесе за намалување на болката кај бебето.

Според истражувањето спроведено во рамките на Универзитетот во Њу Јорк , претставено на годишното собрание на Друштвото за неуронаука , мајчиното присуство има краткорочно влијание врз мозокот на бебето што помага во ублажувањето на болките што тоа ги чувствува.
Според ова истражување, мајката која што го теши бебето кога нешто го боли не предизвикува само ментална реакција. Со самото тешење и нежниот допир во тој момент се случуваат низа промени кои во невролошките мрежи се пресудни за ран развој на мозокот кај бебињата.

Истражувањето е спроведено врз глувци на кои им биле давани благи електрошокови. Покрај болката во нивното тело, е откриено дека се активираат уште неколку стотици гена во делот на мозокот кој ги контролира емоциите. Но, кога мајката на глувчето кое било подоложено на електрошок била во негова близина тој број на активни гени спаднал драстично на помалку од стотина.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk