И во топлите есенски денови важно е да се јаде овошје и зеленчук

И во овие топли есенски денови нутриционистите препорачуваат доста сезонско свежо овошје и зеленчук, бидејќи тоа се производи кои содржат висок процент на вода и минерали. Така се надоместуваат голем број на електролити кои се губат со потењето.

Протеините не се внесуваат преку овошје и зеленчук, но важно е тој недостаток да се надомести преку риба или варено пилешко или мисиркино месо.

Протеините може да се внесат и преку јогурт, кефир, кисело млеко кои се добри за варење.Не треба да се јаде конзервирана храна.

Она што треба да се избегнува е алкохолот бидејќи телото е склоно на дехидратација и полесно може да дојде до топлотен удар, но и газирани пијалоци и кисела вода.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk