И замрзнатата храна има свој рок на употреба

Полниот замрзнувач е злато вреден, особено во периоди кога немате време или идеа што да подготвите.

Без разлика дали замрзнувате индивидуални компоненти од храната или готова (веќе приготвена) храна, не заборавајте да ги искористите во најкраток можен рок.

Истовремено, обрнете внимание на крајниот рок на употреба на замрзнатата храна.

Говедско и јагнешко месо
4-6 месеци
Свинско и телешко месо
4-6 месеци
Мелено месо
3-4 месеци
Колбаси
2-3 месеци
Шунка и сланина
3-4 месеци
Пилешко и мисиркино месо
10-12 месеци
Бела риба
6-8 месеци
Овошни плодови со или без шеќер
8-10 месеци
Овошни сокови
4-6 месеци
Повеќето зеленчуци
10-12 месеци
Печурки и домати
6-8 месеци
Слатка павлака
6-8 месеци
Путер – без сол
6-8 месеци
Путер – со сол
3-4 месеци
Тврди биени сирења
4-6 месеци
Меки сирења
3-4 месеци
Сладолед
3-4 месеци
Готвена храна
Варена, многу зачинета храна
2-3 месеци
Варен храна со понеутрален вкус
4-6 месеци
Колачиња
4-6 месеци
Сите видови на леб
2-3 месеци
Бели пецива со квасец
3-4 месеци

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk