Идни татковци, избегнувајте ги топлите бањи

Објавено на: Jan 01, 2017 од Мама Ане

Според медицинските истражувања доколку мажот практикува топла бања, односно долгорочно излежување во када со топла вода во јануари тоа може да влијае на развојот на сперма дури во март.

Тоа е така поради фактот што за да се произведе една зрела сперматозоидна ќелија потребно е околу два до три месеца.

Затоа, мажите кои се обидуваат да станат татковци веројатно ќе треба да ги избегнуваат честите престојувања во топла када, бидејќи тестисите се многу чувствителни на топлина.

Тестисите се надвор од телото на мажите со причина – тие треба да бидат во поладна средина од онаа во внатрешноста на телото се со цел да произведуваат здрава и квалитетна сперма.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…