Игрите на децата зависат од нивната возраст

При когнитивниот развој, преку играта се развиваат различни спобности, мерење, проценување, балансирање, специјални способности, реверзибилност, логички класификации.

Социо-емотивниот развој вклучува развивање на односите, како и развој на однесувањето и социјални вештини поради кои децата ќе бидат прифатени во училиштето и општеството. Игрите во првите години од животот се самостојни. Децата учат да бидат креативни и да се забавуваат сами со себе.

Подоцна кога малку ќе пораснат, карактеристична е паралелната игра. Децата користат слични играчки, играат на сличен начин, но одвоено, нема соработка. Децата на тој начин можат да видат како другите си играат и однесуваат. Овие игри овозможуваат да сфатат дека секој функционира посебно и дека секој има свои идеи и начини на игра.

По паралелните игри, постојат соработнички игри во кои децата соработуваат, зборуваат за она што го прават, делат играчки и поставуваат прашања едни на други. Овие игри ги учат децата да делат и да водат разговори.

И на крајот се кооперативните игри, каде што децата стапуваат во интеракција со заедничка цел, учат да соработуваат, развиваат одговорност, учат да ги почитуваат правилата и другите. Активностите како што се пеење, зборување,глумење и слично им овозможуваат подобро да ги спознаат своите и чувствата на другите.

Развојот на јазичките способности се одвива низ јазички игри, игри во група, загатки и слично. Играта им помага и на децата со емотивни и проблеми во однесувањето. Играта со кукли, глина, сликање со прсти, овозможува на децата да се запознаат себе и да ги надминат проблемите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk