Инфекцијата на горниот дел од уринарниот тракт во текот на бременоста

Инфекцијата на горниот дел од уринарниот тракт која се развива во  бубрезите најчесто е последица од циститис, инфекција на уринарниот тракт која не е лекувана навреме.

Знаци дека инфекцијата се проширила во горниот дел од уринарниот тракт се:

– зголемена телесна температура над 38 степени
– болки во долниот дел од грбот, под ребрата од страните
– топла и црвена кожа
– влажна кожа и изразено потење
– повраќање и мачнини
– малаксаност
– болно мокрење
– зачестени мокрења
– заматена урина
– урина со темна боја и непријатен мирис
– крв во урината
– промена на свеста и рамнотежата

 

Воспалувањето на бубрезите во бременоста е сериозна медицинска состојба која може да доведе до предвремено породување или пак до трајно оштетување на бубрезите ако не се лекува адекватно и брзо.

Најчесто лекувањето започнува со лабораториски анализи и уринокултура за да се одреди видот на бактеријата во урината и да се препише адекватна антибиотска терапија за лекување.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk