Интересни факти за доењето

Мајчиното млеко е многу повеќе од храна. Сите ние знаеме колку е важно доењето за здравјето на новороденчето и за здравјето на мајката.
Со една реченица, мајчиното млеко е најефтината, најбезбедната и најздравата храна за бебињата. Но, мајчиното млеко не е само храна.

– Доењето ја разубавува детската насмевка

Според истражувањата, бебињата кои што цицале барем шест месеци по раѓањето имаат поправилни заби и правилен загриз од оние бебиња кои што не цицале воопшто.
– Кромидот и лукот сепак им се допаѓаат на бебињата

Интерсен е податокот од едно американско истражување дека бебињата чии мајки често јадат лук и кромид, во просек цицаат два месеци подолго од бебињата кои не ги „пробале“ овие зачини.
– Доењето е заразно

Медицината докажала дека повеќе од 90 % од жените кои како бебиња биле доени и самите ќе дојат кога ќе станат мајки.

– Мајчиното млеко се искористува во целост од страна на детскиот организам
Поради својот идеално избалансиран состав мајчиното млеко во бебешкиот организам го искористува скоро 100%.

– Преку доењето бебето ги пробува различните вкусови на храната
Храната која што ќе ја конзумира мајката преоѓа во нејзиното млеко, па така бебето преку млекото станува способно да ги разликува вкусовите уште пред да проба цврста храна.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk