Интересни и несекојдневни верувања поврзани со бременоста

Постои едно старо верување што долго време се пренесувало од колено на колено во Русија, а тоа е  дека еден од начините да се олесни породувањето е партнерите да ги кажат имињата на сите претходни љубовници.

За среќа, денешните генерации сфатиле дека разговорот за поранешните љубовници не е најдобар начин да се поврзат идните родители.

Во Кина е традиција мажот да ја носи својата бремена жена преку врел јаглен за да породувањето помине лесно и брзо. На трудницата и е забрането да се смее или да оди на погреби затоа што тоа носи лоша среќа.

Според мексиканците, јагодата е најопасното овошје што може една трудница да го изеде во текот на бременоста. Имено, според верувањата ако трудницата изеде барем една јаготка во текот на бременоста ќе роди дете кое ќе има белег на кожата во облик и големина како изедената јаготка.

Во Монголија бремените жени не се допираат. Се верува дека ако две трудни жени се допрат ќе се промени полот на детето.

Во Кенија сексот за време на бременоста е строго забранет. Се верува дека сексот може да предизвика деформитети на главата кај бебето.

Во Јамајка постои верување дека ако бремената жена пие повеќе млеко детето ќе се роди со посветол тен

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk