Интервју со Весна Петрушевска-Секој може да роди, најважно е да воспиташ искрено

Објавено на: Nov 25, 2015 од Мама Кате

Силна, енергична и строга, кон себе, кон семејството и на сцената. Актерката Весна Петрушевска во интервју за мама365 зборува за соочувањето со проблемот за зачнување дете, за мајчинството, за животот со Кирил и Мина.

Mama365: Многу пати јавно си зборувала за личниот проблем во обидите за забременување. Денес си мајка на Кирил и Мина. Како го доживуваш мајчинството?

В.П.: Мислам дека сите треба да сме отворени кон проблемот со зачнувањето од проста причина што ти како индивидуа не влијаееш ама баш никако на таа причина.
Да,болно е сознанието, треба да бидеш исклучително силна за да се справиш пред се со малограѓанската средина, па со партнерот и на крај со самата себе. Јас досега сум охрабрила безброј жени да постапат онака како им наложува срцето, но најважно е да воспиташ искрено, може секој да роди.
Кирил и Мина ме научија да бидам мајка и секој ден учам од нив, тие се мојот живот, мојот потсетник да бидам секој ден се подобра.

Mama365: Колку е различно да се растат момче и девојче? Потешко е да се справиш со полот или со карактерот?

10423662_10205078156412336_3804430968993178250_nВ.П.:Не би правела полова разлика искрено, тие двајца се различни светови ,правилата на животот се и за двајцата исти, не постои привилегија, таа сама треба да си ја создадеш. Карактерот на детето многу често знае да те изненади, јас се справувам со два карактера кои се спротивни и многу различни.

Mama365: Кирил и Мина го будат детето во тебе или те тераат брзо да созреваш?

В.П.: Ме буди секојдневната сурова одговорност кон нив, оти јас сум ги зела за да ги направам луѓе. Детето во мене е секогаш будно, јас го будам кај нив, оти днешниве деца многу сакаат брзо да пораснат, мене тоа не ми одговара, јас сакам да потрае детството повеќе.

Mama365: Децата обично се причината за мајчината насмевка, но тие знаат исто толку и да не налутат. Се сеќаваш ли на ситуација кога си била лута како рис заради некоја нивна постапка?

11863308_10207521118244855_2799578835376608048_nВ.П.: Јас важам за многу строг родител иако тоа не можете ни во сон да го претпоставите, но сум лута на нив кога не ги почитуваат правилата кои сме ги договориле0, кога не учат доволно за на училиште или после музичко кога забушаваат со клавир и гитара, а тоа мора да се вежба .

Mama365: Мајката им го посакува најдоброто на своите деца, но што е она што ги советуваш, за што ги тераш да се борат? Која е вредноста на животот за која и зборуваш постојано?

В.П.: Да бидат искрени ,никогаш да не лажат ,да умеат да сакаат без предрасуди и да бидат достоинствени .Достоинството нема цена, тоа е бесценета категорија ,исто како и слободата.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…

  • Намалете со јадење месо

    Намалете со јадење месо

    Дали сте слушнале за терминот „ посен понеделник“ (meatless Monday) ? Тоа е името на меѓународната кампања која ги поттикнува луѓето да го прескокнат месото …
  • Пијте по 8 чаши вода дневно

    Пијте по 8 чаши вода дневно

    На нашиот организам потребна му е доволна количина на вода за да може да функционира нормално, а дехидрацијата е една од најчестите појави меѓу луѓето …
  • Појадок со кој ќе изгубите и до 5 килограми

    Појадок со кој ќе изгубите и до 5 килограми

    Ова е еден од најздравите и вкусни појадоци бидејќи содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата, косата, го нормализираат метаболизмот и го …
  • Тоник за лице од краставица

    Тоник за лице од краставица

    Ништо чудно што се работи за хидратантен препарат кога ќе се земе во предвид дека краставицата е составена од 92% вода.
  • Прва помош при воспалени мускули

    Прва помош при воспалени мускули

    Имавте напорен тренинг, и потоа два дена не можевте да се поместите од креветот?
  • Практикувајте кригла пиво дневно

    Практикувајте кригла пиво дневно

    Луѓето кои прекумерно пијат алкохолни пијалоци, на примет околу половина литар пиво дневно, ги наалуваат своите шанси за тешките срцеви заболувања, затоа што од нив …
  • Вежбајте ја вашата меморија

    Вежбајте ја вашата меморија

    За да ви остане мозокот во права состојба, активен и здрав, потребно е секојдневно да го вежбате. За подобра меморија потребно е да правите неколку …
  • Наште црева содржат отрови

    Наште црева содржат отрови

    За лекување од многу болести доволно е да ги исчистите цревата од слузта, фекалните наслаги и други паразити. За 70 години живот низ нашите црева …
  • Зошто ви е потребен свеж воздух

    Зошто ви е потребен свеж воздух

    Неодамнешни студии кои доаѓаат од Далечниот исток покажуваат колку свежиот воздух е навистина здрав и колку неговото влијание врз здравјето на човекот се разлика од …
  • Внимателно бирајте што јадете навечер

    Внимателно бирајте што јадете навечер

    Познато е дека храната пред спиење не е пожелна доколку сакате да ја задржите тенката линија, но некои личности едноставно не можат да одолеат на …