Исхрана на детето со зголемена телесна темпратура

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Ане

Освен што морате да бидете запознаени со дозволените дози и комбинации на антипиретиците и физикалните методи за намалување на телесната температура кај децата, треба да внимавате и на одржување на адекватниот внес на течности и храна во организмот на детето дури и кога тоа има висока температура.

Кога е во прашање храната во тој случај првенствено треба да внимавате на постојаниот внес на течности во детскиот организам за да зголемената темпераура не доведе до дехидратација на организмот.

Поттикнете го детето да пие по неколку голтки течност на неколку минути бидејќи наглото внесување на течности може да го испровоцира желудникот и да доведе до повраќање.

Избегнувајте ги напитоците кои содржат кофеин и теин бидејќи тие препарати можат да делуваат и како диуретици и со тоа да ја поттикнат дехидратацијата.

Понудете вода, разблажени свежо исцедени овошни сокови и лесни овошни чаеви. Доенчињата треба да продолжат со редовните подои.

На детето со зголемена телесна температура не му давајте тешко сварлива храна богата со протеини и маснотии бидејќи на тој начин преку обработка на храната во дигестивниот систем се создава дополнителна топлина во организмот.
Во ваков случај најдобар избор е храната богата со сложени јаглени хидрати и растителни влакна кои се лесно сварливи.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…