Истражување: Денешниот човек со просечна интелегенција пред стотина години би бил генијалец

Истражувањето објавено во списанието “Journal Intelligence” докажало дека коефициентот на интелегенција на луѓето од 1950 година до сега пораснал за 20 бодови.
До овој резултат научниците дошле анализирајќи ги претходно спроведените 405 истражувања со кои се добиле соодветни податоци за коефициентот на интелегенција на преку 200,000 луѓе во 48 земји ширум светот. Просечен резултат на тестовите за интелегенција бил 100 бодови.

Воопштено, IQ забележал најголем пораст кај оние луѓе кои живееле во земјите во равој.

Најголем пораст на интелегенцијата е забележан кај населението на Кина и Индија. IQ релативно бележи пораст кај Американците, додека пак кај луѓето кои што живеат во Англија е забележан пад на IQ.

Според ова истражување денешниот човек со просечна интелегенција пред стотина години би бил генијалец.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk