Истражување: Кога мама се смее и бебето во стомакот потскокнува

Најчесто идните мајки движењата на бебето започнуваат да ги чувствуваат по тринаесеттата недела од бременоста но тоа не значи дека плодот не е активен и претходно.
Она што е интересно е дека активноста на бебињата во стомакот на мајката во основа се поттикнати од мајчината активност.

Најновите истражувања тврдат дека кога мајката почнува силно да се смее, нејзиното бебе во стомакот почнува да потскокнува како да е на трамболина.

Силните емоции кај мајката, без разлика дали се позитивни или не, резултираат со движења на бебињата во стомакот. Кога мајката е тажна или лута бебето исто така го чувствува тоа.

Поради наплив на адреналин, најчесто бебињата стануваат се поактивни во тие моменти.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk