Избегнете го дигиталниот замор на очите

Напрегањето на очите поради користењето на дигиталната техологија денес е вообичаен проблем. Проблеми со очите пријавуваат многумина чија работа бара интензивно користење на компјутер.

Главоболка, болка во очите, двојно гледање или губење на фокусот се проблеми кои се јавуваат со напрегање на очите.
Сепак, постојат бројни начини на кои можете да им помогнете на вашите очи:

Направете пауза: Одете на чести паузи од 15 минути и фокусирајте го вашиот поглед на далечни нешта. Ова ќе овозможи мускулите задолжени за фокус да се опуштат.

Користете ги вашите раце: Ова е практично како медитација за вашите очи. Затворете ги очите и ставете го центарот на дланката преку нив. Дишете длабоко и опуштете ги вашите очни мускули.

Често трепкајте: Кога се занимавате со некоја предизвикувачка задача брзината на трепкање се намалува. Свесно треба да се стремите кон тоа да трепкате на секои 10 до 15 секунди. Тоа ќе ја обложи рожницата која за возврат ќе ги негува очите со кислород и други хранливи материи а слојот солзи ќе го изострат вашиот вид.

Користете очила за компјутер: Очилата за компјутер имаат различна точка на фокус за разлика од очилата за читање. Ова ќе го намали трудот кој очите го вложуват за фокусирање слики и на тој начин ќе го намалите притисокот на мускулите. Дополнителниот напор окото да фокусира некоја слика може да предизвика нелагодност и зголемен очен притисок.

Витамини и минерали: Имајќи во предвид дека очите се еден од наголемите потрошувачи на енергија во телото, важно е да ги внесувате потребните количини витамини и минерали. Редовно конзумирајте витамини А, Ц и Е со Б комплекс и цинк.

Појачете го осветлувањето: Кога користите компјутер со слабо осветлување тоа дополнително ги оптеретува очите. Бидете сигурни дека просторијата е доволно осветлена со цел да го намалите оптеретувањето на очите.

Проверете ја позицијата на компјутерот: Поставеноста на мониторот може да влијае на заморот на очите.Важно е да биде прописно оддалечен од вашите очи – од 50 до 70 сантиметри и бидете сигурни дека нема рефлексија.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk