Јадете лубеница

Објавено на: May 29, 2015 од Мама Кате
lunchbox-home2

Лубеницата е едно од најпродаваните овошја во текот на летото, бидејќи претставува идеално освежување за летните топли денови.

На пазарите веќе можат да се најдат лубеници со различни големини. Иако сè уште не се потполно узреани, луѓето ги купуваат и со сласт ги консумираат во жешките топли квечерини.

Но дали знаете што точно содржи лубеницата во својот состав и зошто е препорачливо повеќе да се консумира?

Ова овошје со црвена боја изобилува со ликопен – моќен антиоксиданс, благодарение на кој ја добива и бојата и кој го намалува ризикот од добивање на рак на простатата кај мажите.
Ликопенот се смета дека помага во подобрување на плодноста кај жените, ги штити матката и јајниците и го штити срцето од разни заболувања.

За да се зачува овој антиоксиданс во голема мера во лубеницата, најдобро е да се чува на собна температура, бидејќи ако се стави во фрижидер, за цели 40% се губи ликопенот од нејзиниот состав.

Сите сакаме да се освежиме со ладна лубеница, но имајте го овој податок во предвид и одлучете на што ќе посветите повеќе внимание, на вкусот на лубеницата, или на хранливите состојки кои таа ги има и кои треба правилно да се искористат.

Доколку се пресече лубеницата тогаш задолжително треба да се стави во фрижидер, бидејќи во таква состојба во неа многу брзо можат да се развијат бактерии, кои му нанесуваат штета на организмот.

Покрај овој моќен антиоксиданс, лубеницата содржи и голема количина на витамини А, Б и Ц и вода околу 92%, која успешно помага во борбата со непосакуваните килограми.

Овој податок имајте го како информација кога нареден пат ќе јадете лубеница.
100 грама лубеница содржи: 10% природен шеќер, 90% вода, 20 мг. бета каротин, 0,5 мг. железо, 7 мг. калциум, 10 мг. фосфор и околу 20 калории.

Консумирајте го ова слатко овошје во текот на летото и грижете се за вашето здравје!


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…