Јас сум мајка која не знае ништо но конечно има се

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Ане
mama-i-beba

Посакав овој пост да го напишам една недела по породувањето, но тогаш сфатив дека не знам ништо!

И она што мислев дека го знам подготвувајќи се за мајчинството го заборавив.

Потоа поминаа две недели и повторно ништо. Па три, па четири…. И тогаш си реков: Ок, да видиме што всушност си научила ти млада мајко во првиот месец од мајчинството и ако не си научила кога планираш да научиш.

Значи, единствено што ми е малку појасно е како се менуваат пелени, како правилно се држи бебето, кога треба да се дои и пресоблече…

Сумирајќи ги моите познавања сфатив- родителството всушност е едно бесконечно немање поим, каде само се преправаш дека знаеш што се случува и во што си се впуштил, пробувајќи сите да ги увериш дека одлично се снаоѓаш. А всушност постојано се прашуваш дали си добра во тоа што го работиш со своите деца.

За едно нешто никогаш нема да имам дилема. Мајка сум и тоа е навистина убаво. Не е лесно, но јас никогаш не живеев во таа розова заблуда дека ќе биде лесно. Се трудам да бидам мирна и опуштена во одлегнувањето и воспитувањето на моето дете но во еден момент сфатив дека тоа многу ретко ќе се случува во иднина. Секогаш, јас како мајка, барем некаде таму во позадината на мозокот, ќе бидам загрижена за моето дете. Ќе се прашувам дали е добро, што да направам јас подобро за тоа да се чувствува одлично, дали направив доволно или можам повеќе…

Јас знам дека ништо не знам, но чувствувам дека, со моето бебенце во рака, конечно имам се!


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…