Јаткастите плодови се одличен извор на витамин Е

Јаткастите плодови иако можат да бидат голем извор на калории сепак тие остануваат идеален избор кога сакаме да го постигнеме идеалното ниво на витаминот Е во нашиот организам.

Со изобилство од  овој витамин во својот состав изобилуваат пред се бадемите а потоа и оревите и лешниците.

Со редовната консумација на овие јаткасти плодови ќе внесете доволна количина на витамин Е кој обезбедува еластичност и здравје на кожата.

Исто така важно е да се нагласи дека во јаткастите плодови се содржи и голема количина на магнезиум и останати минерали кои се одлични борци против секојдневниот стрес.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk