Јодот е важен за развојот на мозокот на фетусот

Недостатокот на јод во телото на трудницата може да предизвика ризик за појава интелектуални потешкотии кај детето во подоцнежниот развиток.

Неговиот континуиран недостаток кај децата може да предизвика забавен ментален развој и потешкотии во учењето. Се проценува дека дури две третини од жените во Европа не внесуваат доволна количина на јод преку исхраната додека се бремени.

Истражување спроведено во Британија потврдило дека недостатокот на јод во исхраната на децата од училишната воздраст во рамките на британските основни училишта е причинител за низок коефициент на интелегенција кај децата, особено кај оние деца помлади од 12 години.

На бремените жени им е потребна поголема количина на јод во текот на бременоста бидејќи тироидната жлезда произведува зголемена количина на хормони. Таа губи поголема количина на јод поради преносот на хранливите материи од мајката на фетусот, во текот на создавањето на млеко и поради зачестеното мокрење.

Тироидната жлезда кај фетусот не лачи хормони самостојно се до завршувањето на четвртиот месец од бременоста и поради тоа фетусот е зависен од јодот кој што го добива од мајката.

Поради докажаната важност на јодот во развојот на мозокот на фетусот и неговите интелектуални способности во детството, Светската здравствена организација апелира на збогатување на кујнската домашна сол со дополнителни количини на јод. Алтернативно решение е трудниците да внесуваат јод преку дополнителни суплименти во исхраната кој што би помогнал за зголемување на коефициентот на интелегенција кај детето за 1,22 бодови.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk