Јогата е идеална физичка активност за жените

Секоја жена се соочува со барем еден од многуте симптоми на предменструалниот синдром што може да биде навистина исцрпувачко искуство.

Токму затоа редовното практикување на јогата е одличен начин да се регулираат несаканите симптоми на овој синдром.

Со практикување на одредени асани,  се ослободуваат ендорфините  – хормоните на среќата. Тие се произведуваат природно кога телото е во рамнотежа.

Исто така централниот нервен систем го релаксира и го подобрува снабдувањето со крв во репродуктивните органи.

Третиот фактор што ја прави јогата идеална физичка активност за секоја жена е дека јогата ја намалува напнатоста и и помага на жената да се релаксира и да ги ослободи непријатните емоции предизвикани од предменструалниот синдром.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk