Како бебето го поминува породувањето

Објавено на: Nov 11, 2015 од Мама Кате

Освен за мајката, породувањето може да биде трауматично искуство и за детето, па заради силните контракции или употребата на некои инструменти за полесно изведување на породувањето, детето може да биде отечено или полно со модрици.

Исто така може да се случи да не може да ги отвори очите некое време и да има главоболка. Еден час и повеќе по раѓањето детето ќе биде многу бучно, но набрзо ќе заспие за да се опорави од породувањето.

Ако во текот на породувањето сте примале некакви лекарства, детето најверојатно ќе биде под нивно дејство. Освен тоа последицата од земање на лекови може да се одрази на намален нагон за доење. За полесно да се адаптира на новата средина, често галете го, допирајте го и ставајте го детето во близина на Вашето срце.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…