Како да бидете добра мајка

Објавено на: Jul 30, 2015 од Мама Ане

Велат, мајката е среќна тогаш кога и нејзините деца се среќни. Постојано инвестирајте во вашите деца пред се на тој начин што ќе ги сакате безусловно.Љубовта знае да направи разлика во начинот на кој што вашето дете ќе биде воспитано и во тоа каква личност ќе биде кога ќе созрее. За таа цел, не заборавајте да се придржувате кон овие неколку совети.
1. Секогаш поддржувајте ги вашите деца во нивните намери, интериси или хоби- никогаш не ја потценувајте детската фантазија, колку и да ви изгледа бесмислено понекогаш бидете дел од неа и помогнете му детето да ја развива играта и идеите во правилна насока
2. Бидете трпеливи-да се биде родител понекогаш е вистински предизвик на вашите нерви и трпение. Секогаш кога ќе се појави некој проблем со вашето дете обидете се да му пристапите од поинаков аспект во кој што би ги избегнале викотниците и лутиот израз на лицето.
3. Покажете интерес за интересите на вашите деца-пример, доколку вашето дете сака да црта, цртајте и вие.Постојано прашувајте го каква идеа има, кои бои ќе ги користи и сл.
4. Бидете флексибилни околу парите-логично е дека не секогаш и по секоја цена детето треба да го добие тоа што ќе го посака.Но сепак, од време на време не ги ограничувајте финансиите кога станува збор за исполнување на некоја негова желба. Купете нешто помало додека се враќате дома од работа на пример некое чоколадо и изненадете го вашето дете.
5. Создадете слика кај вашето дете дека вие сте таа личност со која што секогаш и за се може отворено да разговара- иако е тешко понекогаш, обидете се секогаш да бидете добар слушател кога вашето дете ви говори за неговите размислувања
6. Не се плашете понекогаш да му признаете на вашето дете дека сте згрешиле и обидете се да му извините поради тоа
7. Почитувајте ја љубовта на детето кон другиот родител или блиска личност од семејството-колку повеќе личности сака детето толку повеќе љубов добива. Да вие сте мајка и го сакате најмногу на светот, но дозволете вашето дете да биде колку што е можно посакано и од другите.
8. И секако, не заборавајте да направите вашето дете да се чувствува дека е посебно и сакано-без разлика на секојдневните обврски секогаш одвојте време да се гушкате и бакнувате со вашите деца, да поминете одредено време на само со вашето дете и да му дадете до знаење дека тоа е најспецијалната личност во вашиот живот.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…