Како да бидете модерна мама на работа

Објавено на: Mar 02, 2015 од Мама Кате
3

За да внесете свежина во старите модни комбинации и да се чувствувате модерно и тренди и на работа, следете неколку едноставни совети.

Секој ден со нова фризура…
Косата е проверен метод за внесување промена. Ако постојано ја носите кадрава, исправете ја и обратно. Тоа е доволно за околината да забележи и да коментира за вашиот добар изглед. Сега има толку многу додатоци за коса тргнувајќи од дискретно светкави шноли, па сé до траките за коса кои одлично стојат со кок.
Накит
Едноставната комбинација најдобро ќе ја збогатите со накит. Но, не смеете да претерувате со големината. Заборавете на масивните дрвени ѓердани и крупните обетки. Потребно е нешто нежно, ситно, но доволно за да ве освежи. Дискретно синџирче, нараквица, бисерни обетки, впечатлив часовник или прстен.

Нежни бои
Ако ви е доста од кошулите закопчани до врат, купете си лесна маичка или свилена блуза за под палто. Цветните детали или карнери одлично ќе прилегаат со класичниот костум или со џемперче одозгора. Играјте си со боите, не мора секогаш да се ограничувате на црно, бело сиво и кафено.

Чевли и чанта
Ако ништо друго, со чевлите и чантите најмногу можете да експериментирате. Без разлика на конзервативната средина, не правите грев доколку облечете пониски или повисоки потпетици, со отворени или со затворени прсти и со карактеристична боја. Истото важи и за чантите, ги има со разни димензии и форми. Не велиме дека треба да купите дреч-зелена, но кремава, црвена, шампањ, нежна розова се прифатливи.

Хулахопки со дезен и марама
Класичното црно здолниште секогаш можете да го освежите со интересни хулахопки. Така нема да ви биде непријатно што ви се гледаат нозете, а ќе изгледате навистина модерно. Обичното бело кошулче збогатете го со интересна марама со боја како чантата или чевлите.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…