Како да го научите бебето да спие во сопственото креветче

Објавено на: Jan 01, 2017 од Мама Ане

Додека го преместувате бебето од својата топла прегратка во бебешкото креветче пејте!

Започнете ја песната додека бебето е во вашите раце. Продолжете со пеење на истата песна се додека не го ставите бебето во креветчето. Вашето нежно, тивко и изедначено пеење може многу лесно да ги преокупира сите осети на бебето.

Можно е бебето да почне да се бунтува затоа што е само во креветчето, но вие бидете упорни со песната додека со својата дланка нежно ги допирате бебешките гради и стомаче.

Верувајте во магијата на допирот и нежниот глас на мама, полека тргнете ја раката и продожете да пеете. Ако бебето повторно заплаче вие повторно ставете ја вашата рака врз неговите гради. Не го кревајте бебето затоа што ќе морате се одново. И понатаму пејте. Пејте со нежен глас се додека бебето не се смири.
Ако плачот сепак е премногу јак и не престанува секако направете се за да го смирите своето бебенце. Земете го во прегратка но продолжете ја нежната песна.

Постапувајќи на овој начин, секако со малку упорност и покрај почетните неуспешни обиди, ќе му докажете на вашето бебенце дека сте тука за него и дека е сигурно дури и кога тоа спие во неговото креветче.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…