Како да го подготвите првиот бебешки гулаш од телешко месо

Ако вашето бебе е доволно старо да комсумира месо и веќе ужива во вкусот на пилешкото месо, време е да го збогатите неговото мени со јадења од телешко месо. За следниот главен оброк ви препорачуваме да го пробате домашниот бебешки гулаш од телешко месо.

Потребни состојки:
– 60 грама телешко месо
– половина тиквица
– 50 грама боранија
– еден помал компир
– четири шери домати
– малку пармезан
– една лажичка маслиново масло
– малку ситно сецкан магдонос

Начин на подготовка:
Ставете го ситно исецканиот зеленчук да се вари во сад на оган. Телешкото месо пропржете го на малку маслиново масло, исто така ситно исецкано.
Сварениот зеленчук процедете го од водата и во него додајте го ситно исецканото месо. Додајте ги шери доматите изгмечени со вилушка, магдонос и наросете малку пармезан.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk