Како да го препознаете габичниот пеленски осип

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Ане

Ако кожата е оштетена и иритирана, габичките од внатрешните органи многу лесно можат да дојдат до надворешните оштетени места и да предизвикаат габичен осип.

Габичниот пеленски осип најчесто се јавува како последица на габични инфекции на некои други делови на телото ( на пример како последица на габична инфекција во усната шуплина, по третман со антибиотици и сл. )

Кожата зафатена од габичната инфекција е црвена, благо отечена, рапава и набрана. Во пеленската регија обично се забележуваат и многу мали кружни флекички.

Доколку лекарот одреди дека станува збор за габичен пеленски осип, тогаш освен основните мерки и третмани на кожата можно е бебето да добие и соодветен лек ( најчесто станува збор за нистатин маст )

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…