Како да направите домашен еурокрем

Направете домашен вкусен еурокрем, поефтина и поздрава варијанта на ова вкусно чоколадно задоволство.
Потребни состојки:
– 150 милилитри вода
– 300 грама шеќер
– 2 пакетчиња ванилин шеќер
– 200 грама млечен путер
– 200 грама млеко во прав
– 100 грама млечно чоколадо
– 100 грама бело млечно чоколадо

Начин на подготовка:
Во сад на оган ставете ја водата, шеќерот и ванилиниот шеќер и загревајте се додека шеќерот не се стопи. Додајте го белото чоколадо и продолжете со мешање. Штом ќе почне да зоврива тргнете го садот од оган. Додате го путерот и млекото во прав. Промешајте. Смесата поделете ја два дела.
Во меѓувреме, на пареа растопете го црното чоколадо и пресипете го во едниот дел од смесата, додека другиот ќе остане бел.
Исипете ги двата дела во тегла паралелно.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk