Како да направите домашни ресани

Комбинација на бисквити и  крем во совршена домашна варијанта.

Потребни состојки:

-3 јајца

-2 лажици брашно

-3 лажици презла

-1 лажица гриз

 

За филот ќе ви бидат потребни следниве состојки:

 

-половина литар млеко
– 4 лажици шеќер

– 2 пудинга од ванила

-250 г. маргарин

-100 г. чоколадо за готвење

300 бисквити

200 г. шлаг

Начин на подготовка:

Направете ги бисквитите

Изматете ги белките пенсато со шеќер, па додадете ги жолчките, брашното, презлата и гризот, добро измешајте и печете во подмачкана тепсија. Бисквитите печете ги на 200 степени околу 15 минути. Печените бисквити оладете ги и оставете ги во тепсија.

Направете го кремот

Во млеко додадете шеќер па згответе пудинг, а потоа изладете го. Добро изматете го маргаринот со миксер па измешајте го со оладениот пудинг. Кремот поделете го, па во едниот додадете го растопеното чоколадо.

Премачкајте ги бисквитите, најпрво со светол крем, наредете бисквити, па одозгора темен крем. Убаво покријте ги колачите.

Колачите украсете го со изматен шлаг .

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk