Како да направите ланолинска маст-одличен лек против пеленски осип

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Ане
lanolinska_kema_cijela

Ланолинот е маснотија добиена од прочистената овча волна. Во комбинација со одредени масла, оваа состојка делува навистина ефективно против секаков вид на иритирана кожа, вклучувајќи ја и иритираната кожа во пеленската регија кај бебињата.

За да ја подготвите ланолинската маст потребни ви се 20 грама ланолин и 20 мл невеново масло.

Во сад измешајте ги состојките. Бидејќи смесата тешко се меша можете лесно да ја загревате на пареа додека мешате.

Кога смесата ќе стане хомогена полека додадете 20 мл хидролат ( пример розина вода )

Хидралатот е цветна водичка, нус производ при производството на етерични масла.

Кога масата ќе стане еднолична, кремата за нега на кожата е готова.

Префрлете ја во стаклен сад, добро затворете и настојувајте да ја потрошите во наредните два месеца.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…