Како да одржите оптимална хидратација на телото

За да го задржиме потребното ниво на течности во организмот потребно е постојано да ја надокнадуваме таа загуба, односно да го одржуваме телото хидрирано.
Правилната хидратација подразбира пиење на шест до осум чаши вода дневно.

Внесот на оваа количина течност може да ги реши проблемите со нискиот крвен притисок, главоболките, неправилната перисталтика на цревата како и недоволната концетрација.

Не заборавајте дека скоро половина од потребните течности ги внесувате и преку исхраната, особено доколку често конзумирате овошје, зеленчук, супи или чорби. Правилната хидратација на организмот не значи дека треба да пиеме вода само кога сме жедни, туку редовно временски поделен внес на течности е добредојден уште пред да се појави чувството на жед.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk