Како да откриете дали тинејџерите се на мета на интернет-насилници

Користа од интернетот е голема, но за децата тој е извор на опасност. Се почесто се жртви на насилство, па стручњаците советуваат да обрнете внимание колку и на кој начин децата поминуваат време на компјутер.

Доколку забележите некои од следните ситуации, треба да реагирате

-Ако вашето дете секој ден во исто време го вклучува компјутерот, тоа може да ви каже дека нешто се крие позади тоа. Многу мислат дека злоставувачите се јавуваат само навечер, но не е точно.

– Доколку го менува расположението додека е на компјутер, се смее и нервира, има од изразита среќа до депресивна состојба, а често е црвено во лицето, значи дека се допишува со некој кој има силно влијание на него.

-Обрнете внимание дали го крие мониторот, го врти кога поминувате или вознемирено отвора нов фолдер да го скрие претходниот.

-Се нервира кога снемува мрежа или кога ќе е на компјутер му кажувате нешто да направи.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk