Како да подготвите лимоново масло

Маслото од лимон е одличен начин да го збогатите вкусот на вашите салати, тајна состојка со која ќе овозможите богатство од медитерански вкусови на вашата трпеза.

Подготовката е повеќе од едноставна.

Имено, за да подготвите лимоновото масло потребно е да излупите кора од еден лимон, ситно да ја измелете и да ја промешате со 50 милилитри маслиново масло.

Оставете ја да отстои околу шест часа.

Потоа процедете го маслото и чувајте го на темно и ладно место.

Користете го како прелив за салати.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk