Како да препознаете дека вашето дете има потешкотии со билатералната координација

Билатералната координација ја означува способноста за ускладено користење на левата и десната страна на телото при изведување на една конкретна активност. Бебињата откако ќе наполнат шест месеци веќе започнуваат да ги користат двете страни на телото во една активност, на почетокот не толку спретно но сепак тоа се смета за една од најраните облици на билатерална координација.

Доколку кај детето се забележани потешкотии во изведувањето на некои активности кои ја вклучуваат грубата моторика, тогаш постои голема веројатност детето да има проблем со билатералната координација. Најчесто овој проблем може да се забележи кога детето не може да ја фати подадената топка со двете раце истовремено, му е потребна помош при качување по скалила, неможе да скока на двете нозе истовремено без да ги потпре рацете на некоја тврда основа или да биде држено за рачињата и сл.

Освем постоењето на потешкотии во изведувањето на грубите моторички активности, кога постои проблем со билатералната координација можни се и потешкотии при изведувањето и на активностите кои бараат употреба на фина моторика.

На пример, детето не може ускладено да ги користи ножот и вилјушката додека јаде, не може со една рака да ја држи четкичката за заби а со другата да стави од пастата, се појавуваат потешкотии во врзување на врвките од патиките, во закопчување и откопчување на патент, повлекување на права линија преку ленијар, сечење со ножици и сл.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk