Како да се справите со есенските стомачни вируси

Како да се справиме со стомачниот вирус.

Први 4-6 часа

Рехидратацијата е клучна во првите неколку часа. Пијте течности и иако повраќањето ве истоштува, пијте млак чај или млака вода. Не пијте премногу, туку по неколку лажици кои ќе ви помогнат да ја избегнете дехидратацијата на вашето тело.

Први 24 часа

Обидете се да конзумирате храна која ќе ви даде енергија и исто така ќе придонесе за намалување на дехидратацијата. Пијте кефир или јогурт, кои се богат извор на пробиотици, банани кои содржат калиум – електролит кој ви е потребен за време на стомачниот вирус, сос од јаболки поради пектинот кој го содржат јаболките, а кој има моќ да ја минизмира дијареата.

Втор ден

Во текот на следниот ден, почнете да јадете храна која е хранлива и која „ќе ве крене“ откако ве истошти стомачниот вирус. Јадете банана, ориз, јаболки, печено лепче.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk