Како кучињата можат да им помогнат на децата со аутизам

Објавено на: Jul 28, 2015 од Мама Ане

Кучињата истренирани да помогаат во секојдневието на децата со аутистичен спектар на нарушувања се навистина уникатни животни. За разлика од кучињата водичи кои помагаат во извршувањето на физичките активности, специфичноста на овие кучиња е што нивната помош се состои од психолошка помош и поддршка. Тие помагаат на тој начин што едноставно се таму присутни, солидарни со потребата на детето. Сензорната напрегнатост која што е вистински секојдневен предизвик за овие деца со помош на нивното куче се растеретува, бидејќи кучето е навистина добар придружник кој нема потреба да вреви премногу како што тоа би го правеле луѓето.
Многу деца со аутизам немаат спознание за можните опасности и личната безбедност. Кучињата тренирани за помош на децата со попреченост во развојот имаат неверојатна способност да им помогнат во овој поглед и навремено да ги заштитат децата од сите потенцијални опасности за кои тие воопшто не се ни свесни дека постојат. Кучето знае кога настапува потенцијална опасност и го спречува детето да појде директно натаму. Обично тоа се прави на тој начин што рачето на детето е врзано за ременчето на кучето, или доколку е способно за тоа детето го држи ременот на кучето од една страна а друга личност истото го прави од другата страна.
Сепак, најголемата помош од кучињата, децата со аутистичен спектар на нарушувања ја добиваат со самото нивно присуство. Кучето е толерантно кон постојаната хиперактивност на детето, гласните звуци кои ги испушта или кога се забележува компулсивност во однесувањето. Некои кучиња се толку добро истренирани што знаат како да го спречат детето од самоповредување. Тоа тие го прават на тој начин што легнуваат врз детето и го со притисокот од телото и шепите не му дозволуваат да се помрднува во насока на самоповредување.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…